Полицијата предводена од Спасовски не го превенирала настанот, иако неколку дена претходно е најавено убиство на социјалните мрежи на едно од лицата кои се повредени, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„На кое дереџе Оливер Спасовски и СДС го донесоа МВР – на толку многу вработувања и фалење од страна на Спасовски, дојде ред од граѓаните да бараат помош за препознавање на лицето коешто пукало во трговски центар.
Спасовски е целосно неспособен да гарантира јавен ред и мир.
Поради колапсот на безбедносниот систем под раководство на Спасовски, Македонија е тема и во балканските медиуми во одделот „Црна хроника“.
Спасовски мора да си поднесе оставка веднаш, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.






