Ковачки: Криминалната структура на Спасовски во МВР си распределила кој ја држи границата, а кој улицата, дрогата, акцизната стока!

„Се случуваат секојдневни напади врз полицајци (Ресен, Тетово, Арачиново, Скопје), поради тоа  полицијата НЕМА авторитет! Никој веќе не ја почитува полициската униформа, затоа што секој криминалец има телефонски број од министерот, или директорот на Бирото за јавна безбедност и директно им се јавува, ако имал проблем со прекршување на законот, констатирано од полициски службеници.“пишува Драган Ковачки, пратеник во Собранието на Македонија и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, на својот фејсбук-профил, посочувајќи на дел од случувањата во реалноста во Македонија, во својата реакција на фалбите, кои ги изнесе министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук-профил.



Спасовски приведе список на „успешни постигања на Министерството за внатрешни работи за граѓаните од 2017 до 2023 година“, наведувајќи ги „фактите“ за „остварените резултати“: „Реформи, департизација, деполитизација, професионализација, обврска за пријавување имот/интереси, 35 проценти зголемени плати, униформи и опрема, танспарентност, доверба, 80 реконструирани објекти, 3 нови градби, дигитализација на процесите на МВР, намален криминалитет, зголемена откривачка функција на полицијата, Македонија е најбезбедна земја на Западниот Балкан.“

Ковачки го предупредува Спасовски „да не мисли дека целата нација е во хибернација, или оти сите имаат кратко помнење“ и потоа ја разоткрива вистинската слика за „активностите“ на „МВР на Спасовски, кое е против редот, поредокот и благосостојбата на граѓаните низ следните факти: Крадење идентитети на македонски граѓани, заради издавање пасоши на меѓународни криминалци, барани со потерници, а во позадина на тоа профит (готовина). Може да се претпостават кои се последиците за угледот на државата кога ќе уапсат некој од криминалците во туѓа држава со таков пасош!

Целосна партизација на МВР, односно унапредување кадри по 3 и повеќе скалила одеднаш и вдомување на најголемиот дел од партиските другари на Оливер Спасовски, кои беа кандидати за градоначалници (и ги изгубија изборите) на работни позиции во МВР. Нема никаква професионализација: уличари-бандити стануваат началници  и рекетираат, а чесни кадри се тргнати на страна, развластени и понижувани само затоа што гласно говорат за криминалот и неправдите директно од раководството на МВР.

Не постои црн бизнис, во кој нема вклучено некој началник или високо позициониран службеник од МВР (вклучително и во последниот случај со скандалот на Онкологија). Поделени сектори за криминал меѓу структурата на Оливер Спасовски: точно се знае кој ја држи границата (исток, запад, север и југ)), кој ја држи улицата, дрогата, акцизната стока итн.

Пробивање акции за апсење нарко-босови директно од врвот на МВР. Улични пресметки и пресметки со огнено оружје во високофрекфентни подрачја со смртни последици. Целосно потфрлање во расветлувањето на 20-тина убиства на територијата на Скопје во мандат на Спасовски 2015-2023 (8 години), бидејќи врските водат директно до врвот на МВР и затоа што врвот е дебело потплатен да молчи. Не е  расчистен ниеден скандал со прислушкување: оној во 2019 во Јавното обвинителство, во ОТА, Предаторот и фирмата од црна листа на САД…

Спасовски исфрли од употреба и од систематизација високософистицирани беспилотни летала и ги фрли во хангар да скапуваат, а сега после неколку години Славјанка Петровска се сети дека ни требале такви средства па ќе се купувале нови!? До денес не успеаа да ги откријат бомбашите“, кои безмалку една година ги тероризираа децата во училиштата и нивните родители.

Стручни кадри му бегаат на Оливер Спасовски надвор од МВР, поради намален стандард и потценување на професијата. Треба да се укаже и на реформското добивање тендер во МВР од страна на фирмадонатор на ДУИ. МВР под раководство на Спасовски не е во функција на граѓаните, туку е претворено во профитна организација за раководството.

Затоа се потребни се радикални резови и промени.