Пратеникот Драган Ковачки во гостувањето на ТВ Алфа вети дека со доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе бидат обесштетени 17 семејства на загинати бранители и околу 30-тина воени инвалиди од конфликтот во 2001 година.



„Достоинство“, чиј лидер е директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, најави излегување од владината коалиција, откако Владата ги одби измените на Законот за бранители, а кои беа поддржани од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е коректно ова што им се случува на семејствата државата мора да изнајде начин како тоа да го реши со обештетувањето на бранителите затоа што тие луѓе поминале во војна не затоа што сакале, туку затоа што државата ги пратила“, истакна Ковачки.

Тој посочи дека тука очигледно СДСМ е уценета од ДУИ и додаде дека во периодот кои претстои по промената на власта тие ќе најдат решение.

„Мораме да изнајдеме начин како тие луѓе да ги обештетиме и ќе ги обештетиме. Ние навистина сакаме да ги обештетиме тие луѓе и нема на тоа да тераме политика. Тоа кога тоа ќе го направиме нема да правиме политиканство од тоа“, дециден е Ковачки.