Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, полковникот Драган Ковачки на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на ковид-19 но дека веќе 11 месеци нема здравствено осигурување.
„При обид да добијам препорачана лекарска терапија, открив дека мојот работодавец, Министерот Шекеринска, ме има одјавено од здравствено осигурување уште пред 11 месеци. Значи, во период на светска пандемија, 11 месеци ме оставила без здравствено осигурување и за тоа мудро си молчи и таа и нејзините соработници. Ова е тендециозно и свесно поигрување со здравјето на политичките неистомисленици“, пишува Ковачки на Фејсбук:







