Ковачки до Шеќеринска: Зошто молчите за државните симболи во Кичево?

Предлогот на опозицијата за министер за одбрана кој СДСМ го одби ја прашува министерката за одбрана зошто не реагирала кога видела дека во кабинетот на градоначалникот на Кичево каде се сликала нема државни знаме и грб.



Полковникот Драган Ковачки реагира на посетата на Радмила Шеќеринска на кабинетот на градоначалникот на Кичево.

“Вице премиер и министер за одбрана не реагира зошто во канцеларијата на актуелен градоначалник нема државни симболи – знаме и грб и со гордост гази врз гробовите на бранителите”, пишува Ковачки кој е дел од изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 3.

По завчерашната посета на Шеќеринска со Фатмир Дехари со кого се сликала пред симболот на УЧК во јавноста има жестоки реакции.