„Бујар Османи на Телма шири демагогии дека, демек, ние како држава сме барале преговорите со Бугарите да се насочат на човековите права, мислејќи на Бугарите во Устав, а не на историјата. И оти тука сме успеале. Каков штетник е ова момче!“ – му реагира Драган Ковачки, пратеник во Парламентот на Македонија и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, на министерот за надворешни работи Бујар Османи, поради неговите (не)активности како шеф на македонската дипломатија за македонскиот народ и Македонија.
Во објавата преку својот фејсбук-профил Ковачки го прашува „министерот-штетник“ Османи: А што правиме со човековите права на Македонците, министре, кој што си платен од сите нас?
Чии права треба да браниш?
Што направи како претседавач со ОБСЕ за правата на Македонците во соседните држави?
Чија агенда спроведуваш?




