По информациите дека заменик министерот н а МВР , Назим Буши престојувал во скап хотел вбо Истанбул и за ноќевање во претседателски апартмен“ платил (?) 20.000 евра за една ноќ, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност:
Буши не знае колку чини и кој му платил за хотелот во Истанбул
„Секако дека ќе продолжиме да бараме одговорност.
Господинот Назим Буши е владин функционер и тој како јавна личност мора да биде одговорен пред граѓаните.
Мора да каже како со 20 илјади евра успеал да си го плати тоа ноќевање, односно од каде ги стекнал тие пари и доколку тој не го платил, тогаш кој е тој што го платил тоа сместување односно кој е интересот на тој што го платил тоа сместување.
Јавноста ги чека одговорите“, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник одговарајќи на на новинарско прашање.







