Ковачки: Ахмети да му одобри на премиерот да се сретне со Мицкоски

Пратеникот Драган Ковачки, апелира до лидерот на ДУИ да му даде одобрение на премиерот Димитар Ковачевски за средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.



МИА: Во среда лидерска средба

„Апелираме до Али Ахмети да му даде одобрение на Ковачевски, да најде начин да дојде на таа средба, затоа што после неуспехот на уставните измени Македонија ќе западне во политичка криза. Македонија мора да најде начин да излезе од оваа ситуација“, порача Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата со жителите при денешната посета во населените места Смојмирово, Русиново во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ Ковачки рече:

„Ковачевски, кој што нема никаков авторитет во својата партија и во владата на ДУИ, е потполно заборавен и запоставен, истиот не може да донесе ниту една одлука самостојно.

,,Ќе се селам во Америка”, не му било прв пат на Ковачевски да се заканува со оставка

Видовме дека тоа не можеше да го направи ниту кога ја поднесуваше својата оставка, односно кога требаше да ги прашува челниците на ДУИ, односно Али Ахмети“, рече Ковачки.