Додека се подготвувал да стане премиер а бил заменик министер за финансии лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски дознал дека конзорциумот Бехтел и Енка со пари на македонските граѓани ќе гради албански национален прстен кој ги поврзува Македонија, Косово и Албанија.
Оваа информација воопшто не ја криел лидерот на ДУИ Али Ахмети кој на својот фејсбук – профил објавил дека веќе нема законски пречки за изградба на коридорите 8 и 10 и оценил дека „националниот прстен Тирана – Скопје – Приштина, многу скоро ќе биде реалност.
,,Националниот прстен Тирана – Скопје – Приштина”, од страна на Ахмети е објавен на
9.12.2021 односно пред цели 16 месеци.
„Со задоволство ја споделувам одличната вест дека за Коридорот 8 и Коридорот 10 веќе нема никакви законски пречки на патот до нивна реализација. Уставниот суд ја донесе конечната пресуда за правната исправност на постапката за реализација на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата со познатата градежна компанија Бехтел – Енка.
Прстенот на нацијата Тирана – Скопје – Приштина, многу наскоро реалност“, напиша Ахмети и сподели илустрација на својата фејсбук објава.
На илустрацијата јасно се гледа дека Ахмети не мисли на македонски туку на албански национален прстен кој ќе се гради со парите на македонците.

Цели 16 месеци Ковачевски не реагирал за да ја демантира оваа операција на Ахмети ниту да смени нешто во планот кој се изведува исклучиво во западна Македонија.
https://grid.mk/c/4GlGo30B4-jeX-N4tDp-/2021-12-10/ahmeti-realnost-stanuva-nacionalniot-prsten-tirana-%E2%80%93-skopje-%E2%80%93-prishtina






