Ковачевски знае дека ќе доживее пораз, веќе најавил со што ќе се занимава по изборите

Премиерот Ковачевски за време на вчерашната сесија на пратенички прашања во Собранието на повеќе пратеници им открил со што ќе се занимава по изборите.



За разлика од јавните настапи каде тврди дека СДСМ ќе победи вчера во неформална атмосфера пред сведоци раскажувал дека неговата кариера е обезбедена затоа што понатаму ќе работи како професор на факултет, тоа што работеше и претходно.

Според сведоци кои го слушале Ковачевски не исклучува дека може да добие и друга понуда за бизнис проекти.

Со откривање на неговите планови премиерот многу јасно укажал дека не очекува победа на СДСМ ниту можност за формирање на било каква влада во која би бил тој или неговата партија.

Овие најави кои дошле од Ковачевски не биле изненадување за сведоците во Собранието но биле дочекани со револт од неговите сопартијци пратеници од кои дел прашуваат зошто воопшто ги бранат политиките на СДСМ ако лидерот на партијата и премиер веќе ја загубил надежта дека може да се победи на следните избори.

Извори во неговата партија признаваат дека СДСМ се соочува со тешка ситуација поради реформските зафати кои го намалиле рејтингот на партијата но не веруваат дека Ковачевски однапред се откажал од борба на следните избори.