„Зошто Ковачевски, Маричиќ и Османи премолчеа на чествувањето на Илинден во Софија од каде највисоките државници го оквалификуваа како бугарско“ реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на завчерашните провокативни изјави на претседателот и на премиерот на Бугарија, Румен Радев и Николај Денков кои се прогласија за „наследници на Илинденците, односно дека Илинденското востание било – кренато од Бугари.



Радев: Ние потомците на Илинденците

„Да биде скандалот поголем, премиерот Денков го извитопери идеалот на Илинденското востание и го прикажа како востание чија крајна цел било присоединување на Македонија кон Бугарија.

За Денков, Бугарите биле движечка сила во Илинденското востание

Ова ли е добрососедството кое го донесе оваа власт на ДУИ и СДС? Зарем овие историски наративи оваа власт е подготвена да ги прифати?

Ова е уште еден доказ дека поради кусогледоста и свитканата кичма на оваа власт историјата на Македонија се ревидира и таквата намера на Бугарија станува услов за нашата евроинтеграција.

Затоа народот е против бугарскиот диктат, затоа што нема гаранции дека ова е последното барање од Софија и крајната цел е однародување или во спротивно преговорите ќе траат до недоглед.

Ковачевски, зарем мачка ти го изеде јазикот?

Каде е твојата реакција на негаторските пораки од Софија или не смееше да им писнеш- се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ