„Јас нема да го коментирам личниот рејтинг на било кој политичар. Јас можам да го коментирам мојот, кој би кажал дека нашите граѓани знаат да препознаат кога некој го вложува целиот труд, напор и енергија кога во време на најголема криза се грижи за економска стабилност, обезбедување на енергетска стабилност и топлинска енергија“ вели премиерот Димитар Ковачевски во врска со податоците од анкетата на ИРИ.



Според анкетата, популарноста на Ковачевски е пет проценти, а поголем процент на популарност имаат Груевски, Христијан Мицкоски, Али Ахмети, Зоран Заев.

„Анкетата опфаќа 10 месеци од моето назначување во Владата, свесноста растела со прилично голем процент. Во однос на политичките рејтинзи и тоа е респектибилно, со оглед на 10 месечното раководење со Владата“, вели Ковачевски.

.