Ковачевски за спорот со Бугарија: Преговараме, ќе продолжиме во ист дух

На прашањето како би го решил спорот меѓу Македонија и Бугарија доколку добие мандат за состав на новата влада, новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски вели:



„Во моментов нашата земја води преговари со Бугарија кои се засноваат на европските вредности. Притоа се почитуваат сите усвоени резолуции. Ќе продолжиме во овој дух.

Откако добивме четири позитивни извештаи од Европската комисија, сега е време Европската унија да постави датум за одржување на првата меѓувладина конференција и почеток на пристапните преговори“, вели Ковачевски.