„Претседателот е посебна институција, не знам каков колективен договор има. Ќе си седнат со Министерството за финансии, ќе разгледаат колку имаат во буџетот, ќе споредат со Колективниот договор, ќе се договорат и на крај ќе донесат решение како што има решение за се“, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски во врска со „доцнењето“ на јанбуарскатга плата на Претседателот и луѓето во неговиот Кабинет.



Пендаровски и неговиот кабинет без јануарска плата: Не биле предвидени средства со буџетот 2023

„Мислам дека и за тоа ќе се најде решение“, истакна Ковачевски.

Пред неполн час до медиумите беше испратен Став од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија во кој се потврдува дека „платата за јануари 2023 година не е исплатена за вработените во Кабинетот и за претседателот на Република Северна Македонија.

Образложението кое го добивме од Министерството за финансии е дека во Буџетот за 2023 година нема дополнителни средства за исплата на плати за вработените во Кабинетот на претседателот и го сметаме за неосновано, се наведува во Ставот од Кабинетот на Пендаровски.