„ Коридорот 8 и 10Д, се работи за најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава не само од нејзиното осамостојување туку и во времето кога бевме Социјалистичка РМ дел од поранешна Југославија“ констатираше шремиерот Димитар Ковечавски во интеррвју во Сител телевизија.



Според него, за таа цел Собрание во 2021 на предлог на пратениците донело специјален закон за изведувач и проектант и биле избрани Бехтел и Енка, како една од најреномираните компании.

Премирерот вели дека пратениците „прво ќе се уверат дека тоа самиот договор е направен врз основа на процедурата предвидена според законот за изградба на овие две автопатски делници и се работи за инвестиција од 1,3 милијарди евра од кои што 51 процент ќе биде направена од страна на македонски компании, значи на македонски градежни компании и на компании кои пружаат логистика на градежни компании“