Обединетата Македонска Дијапора, невладина организација на иселениците во САД, соопшти дека оствари средба со премиерот, Димитар Ковачевски, во амбасадата во Вашингтон.
На средбата со ОМД на премиерот Ковачевски му било забележано што има непропорционално застапен број на министри Македонци во Владата во споредба со другите етнички заедници.
„ОМД посочи дека во Македонија малцинствата ги уживаат сите демократски права, и дека во ниедна друга држава во Европа нема толку министерски позиции застапени од страната на малцинствата. ОМД посочи дека правата на Македонците во соседните земји се тотално обесправени”, му порачала ОМД на Ковачевски, пренесува Фактор.
На средбата присуствувал и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

,,Денеска се сретнав со членови на Одборот на Директори на Обединетата македонска дијаспора (ОМД). Нашата дијаспора има капацитет за голем придонес за развој на нашата земја.
Верувам дека младите генерации ќе продолжат да ги одржуваат врските со својата татковина”, објави Ковачевски по средбата без да спомене што му забележале претставниците на ОМД.






