Наместо на сериозно прашање од новинарка за сериозна ситуација во државата да одговори сериозно, премиерот Димитар Ковачевски на синоќешната специјална прес-конференција си дозволи да се исмева за начинот на кој Владата ќе обезбеди парно греење за граѓаните.



„На 15 октомври мора да има парно во државата. Како? Со греење вода во топланите и испорачување до домаќинствата“, одговори арогантно октроираниот шеф на Владата од Зоран Заев, без да биде избран на избори, додека тројцата министри зад него се отепаа од смеење.