Ковачевски веќе дал согласност улицата „Втора македонска бригада“ да се преименува со името на деецот за „Велика Албанија“ Адем Демачи

„Покрај советниците на СДСМ во Чаир и Град Скопје, одлуката за преименување на улицата „Адем Демачи“ во Чаир ја изгласа и премиерот Димитар Ковачевски од улога на заменик-министер за финансии во 2021 година. Владата со мнозинство од гласовите дала своја согласност за сите предложени имиња, вклучително и за името „Адем Демачи“. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Ковачевски сега лаже и манипулира.“објави ТВ Алсат.



ТВ Алсат пишува: Денеска поради притисок од јавноста истиот Ковачевски, кој гласаше за промена на името „Втора македонска ударна бригада“ во „Адем Демачи“ бара од Чаир, ако сака пат со тоа име, да го изгради. Ова се наведува во нивното соопштение. Нека каже Ковачевски дали денес се срами што гласал, а сега се крие и манипулира?“ – рече Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Кабинетот на Ковачевски пред два дена го изразија своето незадоволство поради промената на името на улицата во Чаир. Од таму порачаа дека „локалната самоуправа морала да ја врши својата работа со поголема посветеност и да изгради нов пат, кој ќе го именува според законските постапки.“

Од Владата денес не одговорија на прашањето дали првичната информација била поради немање информација дека оваа иста институција веќе дала своја согласност за именувањето на улицата „Втора македонска ударна бригада“ со новото име „Адем Демачи“.