Ковачевски утре ќе го предложи Јован Митрески за собраниски спикер

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, се очекува утре да го предложи координаторот на пратеничката група на партијата за претседател на Собранието, брифираат извори од СДСМ.



„Неофицијално се дознава дека на овој состанок од страна на претседателот Димитар Ковачаевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ“,  брифираат извори од владејачката партија.

За ова премиерот веќе разговарал со Митрески, кој во моментов е во Франција на процесот „Жан Моне“, и тој се согласил да го замени Џафери.

Вчера Централното претседателство на ДУИ на состанок во партиското седиште одлучи актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери да биде технички претседател на Владата  од 28 јануари во пресрет на изборите напролет.

Именувањето на технички премиер кој во предизборниот период ќе дојде од редовите на ДУИ , беше дел од коалицискиот договор меѓу екслидерот на СДСМ, Зоран Заев и на Интегративците, Али Ахмети, а по изборите во 2020 година. На тие избори ДУИ водеше предизборна кампања повикувајќи ги граѓаните да го изберат првиот премиер Албанец.