„Доколку се спореди со времето на ДПМНЕ нема сегмент во којшто СДСМ нема подобар резултат, и тоа драстично подобар. Изборот е јасен, напредок и членство во ЕУ со СДСМ, или изолација и стагнација со ДПМНЕ“, рече лидерот на СДСМ и актуелен премиер Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите“ штпо се одржа синоќа во Прилеп.
„Оваа мотивираност, оваа победничка енергија што ја гледам вечерва во Прилеп, како и на сите наши трибини досега, најавува извесна победа на СДСМ. Победа на претседателските и победа на парламентарните избори наредната година. Тоа ќе биде двојна победа за просперитетна, економски напредна, европска Македонија!“, рече лидерот на СДСМ.





