И покрај огромните скокови на цените на производите за широка потрошувачка пред се храната премиерот Димитар Ковачевски јавно тврди дека во Македонија не се случил ценовен шок за граѓаните.
Во интервју за Сител Ковачевски тврди дека немало зголемување на цените благодарение на мерките на владата.
,,Прво имаме непречено снабдување со електрична енергија, за 50% го зголемивме производството на електрична енергија во државните капацитети,што никогаш не било направено досега.
Немаше ценовен шок за граѓаните при што и ја намаливме цената и за 20 отсто за 72 .000 компани кои што вработуваат 98% од работната сила во државата.
Потоа зборуваат дека граѓаните нема да можат да се справат со економската криза што се потврди повторно дека е теза која што беше лажна бидејќи имаме историско зголемување на пензиите, досега 16%, а со следното зголемување на пензиите тоа ќе биде 25%.
Или со доаѓањето на ова Влада во период од пет години ние имаме веќе 40% зголемување на просечната пензија и 60% зголемување на минималната пензија, минималната плата која беше 8.000 денари сега е 20, 175 денари, просечната плата која што беше 20.000 денари сега е 34.000 денари”, порача Ковачевски во интервју за Сител телевизија.
Според официјалните податоци на заводот за статистика во Македонија нивото на инфлација го покрива зголемувањето на цените што значи дека ни зголемените плати и пензии не може да ги покријат трошоците што настануваат со зголемување на цените.
Реалното зголемување на цените е далеку над нивото на зголемување на платите и пензиите.
Целото интервју на Ковачевски овој линк





