Премиерот Ковачевски глумел отворање на фабрика која всушност работи веќе цела година.
Канадската компанија„Магна Мирорс“ која веќе една година работи со производствени капацитети во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга, официјално беше пуштена во употреба дури на 11 Октомври, објавува ТВ Алфа.
На црвениот тепих придружуван од вицепремиерот за економски прашања Битиќи, лентата ја пресече премиерот Ковачески. Никој од оние кои се обратија на говорницата не кажа чија заслуга е донесување на канадската компанија во Македонија, кога почнале и како течеле преговорите. Ковачески додворувајќи им се на враборените кажа дека знаел како се организирал производствен процес во технолошката индустија и оти не бил политичар кој кариерата ја градел по кабинети во Влада и во институции, туку во приватен сектор исто како нив.
А ме критикуваат луѓе кои што никогаш во животот не кренале нешто потешко од спајалица и кои што за тоа кревање спајалица им го плаќаат оние како Вас и како мене кои што работат, креираат врености и плаќаат даноци и затоа посебно сакам да ги поздравам вработените во компанијата „Магна“ и ги замолувам сите кои што се седнати тука со овие убави кравати во првиот ред да дадат аплауз за нив, рече Премиерот Ковачевски.
Инаку во моментов во копанијата која произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на најзначајните производители на автомобили во светот има 350 вработени,а се работи за инвестиција вредна 35 милиони евра. Фабриката се простира на површина од 17.000 метри квадратни. Целта била во наредниот период бројот на вработени да изнесува 1000, пренесува Алфа ТВ.





