Ковачевски со ,,Сиктер” понуда за Гаши и Алтернатива

Понудата на премиерот на денешната средба со Африм Гаши од „Алтернатива“ ја доживеале како „сиктер“ понуда или „земи или остави“.



На оваа партија ѝ е оставено само министерството за информатичко општество и оттаму се на чекор да излезат од владеачката коалиција. Сметаат дека целта е да се избрка „Алтернатива“ од владата, за да имаат оправдување зошто „Алијанса“ ќе добијат значителен кадровски колач. Со овој чекор, велат извори за Телма, Ковачевски ја убива европската агенда на државата.

Сепак, ќе го почекаат епилогот од преговорите со новиот коалиционен партнер.

„Подготвени сме за сите предизвици. Ова е очекувано сценарио за нас. Партиските органи ќе донесат конечен став откако ќе се официјализира новата коалиција. Нема да оставиме ниту минимум простор дека „Алтернатива“ на каков било начин придонела за процесите кои неминовно следат“, велат од оваа партија.

Доколку „Алтернатива“ излезат од владата, министертвото за информатичко општество ќе го добие „Алијанса“. Според договорот, освен министерствата за Здравство и за Правда, тие ги добиваат и заменик-министерските места во Одбрана и во Земјоделство, како и двајца државни секретари од кои едниот во Труд и социјала.

Добиваат и директорски позиции во МЕПСО, во ПИОМ, во просветниот инспекторат, во дирекцијата за управување со конфискуван имот и во тетовската болница.

Во бројни други дирекции ќе имаат заменички места. СДСМ го отстапува Правда, а го добива Животна средина и ги задржува УЈП и Царина. Коалицијата ќе биде официјализирана, откако договорот ќе биде одобрен од партиските Централни претседателства, јавува Телма.

Алтернатива би излегла од владата ако Гаши не се плаши

Гаши би ја напуштил владата ама не знае дали има контрола врз пратениците