Ковачевски со Ахмети, Џафери и Груби меѓу „Шверцерите“ на натпревар на Шкупи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во друштво на врвот на ДУИ, односно Али Ахмети, Артан Груби и Талат Џафери на трибините ја бодреа екипата на Шкупи од Чаир.



Шкупи официјално е прогласен за шампион на Македонија. Тимот на Седлоски денеска го крена пехарот, а потоа се славеше и низ улиците на Скопје каде шверцери, фудбалерите и стручниот штаб ја прославија титулата.

Инаку, екипата на ФК Шкупи на денешниот натпревар со убедливи 3-0 го победи тимот на Академија Пандев.