Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со премиерот на Ирска, Лео Варадкар. Во врска со македонските евроинтеграции двајцата се согласија дека Ирска цврсто ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ. Премиерот Ковачевски рече дека следната проевропска Влада, што ќе ја предводи тој, во периодот од 2024 до 2028 година ќе ја однесе Македонија во ЕУ.
Премиерот на Ирска, прашан за тоа што би ја посоветува Македонија во врска со проблемот со корупцијата, тој рече дека корупцијата е проблем во сите земји, вклучително и земјите членки на ЕУ. Порача дека институциите мора да ги гонат сите кои се вмешани во коруптивни скандали и да се даде впечаток дека никој не смее да биде дел од такво нешто.
Македонија и Ирска имаат 30 години дипломатски односи, и Варадкар и Ковачевски порачаа дека треба да се засили економската соработка помеѓу двете земји, трговската размена и соработката во делот на туризмот.





