Ковачевски штити функционер на ДУИ со два ,,екстра” станови што се вмеша во уривање на огромна дивоградба на ,,Пластичарска” (ВИДЕО)

Премиерот Ковачевски не презема ништо против функционерот на ДУИ кој ги одзеде документите од општина Центар за диво изградениот мини трговски центар на улицата позната како ,,Пластичарска” изградена на државно земјиште од “непознат градител”, а кој во анкетниот лист не пријавил два стана и еден скап автомобил.



Фатмир Арифи кој не може да каже од каде му се становите и возилото сега топката ја префрла на секторот за човечки ресурси кој не смее да ја врши неговата лична обврска кон Антикорупциската комисија.

Владата и премиерот Ковачевски цел месец знаат дека Арифи го крши законот но ниту го менуваат ниту пак обвинителството го гони за чудно стекнатиот имот.

Во меѓувреме дивоградбата на Пластичарска улица на државен имот е доградена и подготвена за вселување.

Колку е моќна мрежата зад дивоградбата вредна десетици милиони евра покажува фактот дека Арифи повеќе од една година ги држи документите за дивоградбата а владата не може да го смени.

Во краткото видео со новинарка на 360 степени Арифи признава дека има лична обврска да го пријави имотот но не презема одговорност.

Краткото видео на линкот

https://fb.watch/oqXZTcsDd6/?mibextid=Nif5oz

Целата сторија

Владата цел месец молчи за директор на ДУИ што го крши законот (ВИДЕО)