Ковачевски се заблагодари на „Вајмарската тројка“ за притисокот врз опозицијата

Министрите за Европа на Германија, Франција и Полска кои се во дводневна посета на земјава, попладнево остварија средба и со премиерот Димитар Ковачевски, откако претходно во „белата палата“ ги прими и Христијан Мицкоски.



Од Владата соопштија дека на средбата било оценето оти државата е пред неповторлива шанса да го направи клучниот исчекор во европските интеграции и да ја осигура европската перспектива, со можност за полноправно членство во Европската Унија до 2030 година.

Според владиното соопштение, премиерот Ковачевски на средбата се заблагодарил на претставниците од „Вајмарската тројка“ за огромната поддршка, како и за силното охрабрување до сите партии претставени во парламентот, да продолжат да работат конструктивно на изградбата меѓупартиски консензус за слединиот чекор во преговарачкиот процес.

„Вашата поддршка го дава многу потребниот кредибилитет за европската перспектива на Република Северна Македонија и вашата посета е во многу важен момент за нас. Владата има силен политичкиот фокус кон обединување во парламентот околу натамошниот напредок по евроинтеграцискиот пат, што е од суштинско значење за натамошното воспоставување на европските стандради во државата. Ние веќе сме Европа во мало и со тоа што правиме дополнување во Уставот со други етнички заедници кои живеат тука, испраќаме значајна порака и кон регионот и кон Европа, дека нашето место е во ЕУ“,

кажал Ковачевски на средбата, а пренесе прес-службата на Владата.
https://youtube.com/watch?v=Xl4PlqvqH4o%3Ffeature%3Doembed