Ковачевски се пофалил со ,,историски” успеси кои биле постигнати пред десетина години

Шефот на комисијата за надворешна политика во Собранието и екс министер за надворешни работи Антонио Милошоски најновите на фалби на премиерот Ковачевски ги оценува како ,,Топење на ланскиот снег”.



Премиерот вчера се пофали дека направил историски успех на поле на слободно патување во регионот заборавајќи дека тие договори се направени пред десетина години.

,,↘️ Ковачевски многу сака да се фали, дури и за работи кои се постигнати пред тој да стане премиер. Вчера од Берлин се пофали дека постигнал историски договор за слободно движење на македонските граѓаните со лични карти во регионот Западен Балкан. Оваа слобода на движење во регионот веќе одамна ја имаме постигнато, но нејасно е зошто Ковачевски се обидува да ја манипулира јавноста”, реагира Милошоски која дава аргументи од кои се гледа дека Ковачевски не ја говори вистината:

1. Во 2008 година Македонија го потпиша првиот, а во 2011 година вториот Договор за слободно движење со Албанија и преминување на границата само со лични карти (МНР)

2. Во 2011 година Македонија го потпиша Договорот за слободно движење со Србија и преминување само со лични карти (МВР)

3. Во 2012 година потпишан ист Договор во корист на државјаните на Македонија и Црна Гора (МВР)

4. Во февруари 2016 во Собранието го ратификуваше Договорот Македонија-Косово за движење со лични карти, а истата придобивка ја озаконивме и со Босна и Херцеговина.

,,Затоа Ковачевски, следниот пат пред да се пофали дека постигнал нешто, прво нека провери дали веќе е постигнато. Да не му бидат соопштенијата како за топењето на ланскиот снег”, стои во реакцијата на Милошоски.