Ковачевски се пофали за поскапата струја, граѓанин бара да трепне ако е киднапиран!

Мандаторот Димитар Ковачевски се пофали дека владиниот тим реагирал соодветно и затоа цената на струјата ќе се покачи 9,48 %.



,,Брзата реакција на Владата и мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија придонесоа да спречиме ценовен шок за граѓаните. Покачувањето на цената на електрична енергија за следната година ќе биде 9,48% што е далеку под првичните прогнози од преку 25%. Се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, како и таа во недела, а рестрикции нема да има. Владата дополнително обезбеди 60 милиони денари помош со Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година”, напиша Ковачевски вечерва на Фејсбук.

Во коментарите дел од граѓаните не се толку убедени во соодветната реакција на владата каде Ковачевски се уште е Заменик министер за финансии.

Дел од коментарите не се за објавување

https://www.facebook.com/101519168409673/posts/378289694065951/