Ковачевски се пофали со пат што требало да биде готов пред 4 години а го почнал ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Ковачевски се пофали со пат што требало да биде готов пред 4 години, СДСМ го гради 6 години а договорот со за него со Светска Банка го потпишал ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година.



Иако според планот патот требало да е готов во 2019 година Ковачевски не кажува кога ќе биде завршен.

,,Инвестираме во модерна и квалитетна инфраструктура и го градиме патот кон ЕУ. Дел од тоа е и изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка во должина од 24,5 километри и во вредност од 62,5 милиони евра.
Градиме модерна и европска инфраструктура!”, пишува Ковачевски за проектот за кој ВМРО-ДПМНЕ пред 8 години потпиша договор со Светската Банка.

Слично како и со автопатот Кичево – Охрид и овде од доаѓањето на власт на СДСМ и ДУИ во мај 2017 година нема ниту еден голем инфраструктурен проект кој е почнат и завршен во нивниот мандат.

За патот кој само во време на СДСМ се гради над 5 години Ковачевски снимил и видео.