Ковачевски се плаши од ДУИ да поднесе оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски да престане да биде кукавица. Дезертирал од служењето на воениот рок, прогласувајќи се за трајно неспособен, се плаши од избори и бега од ТВ дебата за актуелните теми.



Врв на неговиот кукавичлук е последниот случај за кој зборува јавноста со оставката која ја поднел, па ја повлекол под притисок на ДУИ и Талат Џафери,  велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Функционираа „како до сега“ со 365 скандали

Од опозициската партија велат дека на Ковачевски му е страв да се соочи со аргументи или да се соочи со казната на народот, ама да нема свое јас и свое достоинство, тоа веќе е голем срам за него и за неговата партија.

„Очигледно дека кога една ваква лична одлука на Ковачевски, како што е оставка од функцијата, му зависи од поголемиот коалициски партнер ДУИ, тогаш не би не зачудило Ковачевски за сопствено мислење да се консултира со Мала Речица“, се вели во соопштението и му порачуваат на Ковачевски дека бегање од народ и од одговорност нема.

„Тоа што се пишманил од оставката само ја продолжува неговата агонија, но што е полошо ја продолжува и агонијата на Македонија. Нека си олесни сам на себе и нека си поднесе оставка за да ја спаси Македонија од неговата криминална и корумпирана влада“, стои во сооштението.