Премиерот Димитар Ковачевски објави дека учествувал на средба со секретаријати на партиски комисии на СДСМ по што најавува дека ќе владее до 2028 година.
,,Стратешка работилница во која се вклучени секретаријатите на партиските комисии е составен дел од нашите подготовки. Креираме победничка кампања на СДСМ за изборите во 2024 година. Овој инклузивен процес, обележан со размена на искуства и знаења, има огромно значење во изработката на одржливи мерки и решенија кои ќе бидат од корист за нашите граѓани”, пишува Ковачевски кој додека институциите се во хаос тврди дека партиските комисии играат клучна улога во работењето на нашата партија, претставувајќи огромен потенцијал на човечки ресурси во СДСМ.

,,Тие активно придонесуваат за унапредување на социјалдемократијата, подобрување на постоечките политики и формулирање на нови кои се усогласуваат со најдобрите интереси на нашата држава и нејзиниот народ.
Нашите комисии активно ќе се ангажираат со граѓаните, експертите и невладините организации на терен. Посветени сме сите остварливи предлози, идеи и проекти да ги преточиме во победничката изборна програма на СДСМ за мандатот 2024-2028 година на нова, проевропска влада”, пишува Ковачевски.






