Ковачевски сака да ги активира и пасивизираните членови на СДСМ

Кандидатот за лидер на СДСМ Димитар Ковачевски вели дека како иден претседател на партијата ќе се залага за градење фер внатрепартиски систем и евалуација на придонесот на секој активист.



-Функционирањето на месните одбори комплетно ќе се ревидира при што основите за функционалноста на партијата мора да започнуваат токму од овие локални, но суштински јадра на партијата. Најактивните и најпосветените членови се тие кои партијата мора да ги вреднува и почитува. Мора да ги активираме и пасивизираните членови, но и да привлекуваме нови, компетентни и мотивирани луѓе да се приклучуваат во партијата. Како иден претседател главна цел ќе ми биде да изградиме фер внатрепартиски систем и евалуација на придонесот на секој активист. Само така ќе имаме мотивирано членство кое ќе придонесува за партијата и државата, објави на Фејсбук кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.