„С.Македонија како и секоја земја во услови на најголемата светска енергетска криза, водеше стратешки домашни политики за снабдување со енергија и храна и зголемување на производството, со цел системот да функционира, граѓаните да се заштитат од ценовен шок, компаниите да бидат ликвидни и виталните функции на државата да се одвиваат непречено” рече премиерот, Димитар Ковачевски вечерва на отворената трибина „Ние сме Европа“ во Куманово, на осмиот завршен настан говореше на тема: „Членството во ЕУ од аспект на енергетиката“.
-Ние во Владата не сме креативни како оние кои ја водеа Владата до 2016 година, нит јас знам да правам споменици, нит Фатмир Битиќи знае да прави фасади од стиропор, нит Оливер знае да сади жални врби во Вардар, она што знаеме да правиме е домаќински да работиме, така сме воспитани и финансиските средства да ги насочиме кон оние кои што им се најпотребни, а тоа се граѓаните посебно од ранливите категории, тоа се пензионерите со ниски пензии, тоа се невработените лица, тоа се лицата со посебни потреби, самохраните родители, студентите, средношколците, основците. И тие се оние кои што ќе ги добијат финансиските средства од деветтиот пакет антикризни мерки заедно со компаниите кои треба да ги очуваат работните места, рече тој во дел од своето обраќање.






