Ковачевски: Предвремени избори нема, редовните во 2024-та

Премиерот Димитар Ковачевски и денеска порача дека следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин, односно во 2024 година.



„Предвремените избори нема да ги решат проблемите на граѓаните туку ќе ги продлабочат затоа го затвораме ова прашање. Следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024“, порача Ковачевски на прес конференција по средбата со коалициските партнери во владата.