Премиерот Димитар Ковачевски свесно злоупотребува европско знаменце за да протурка законски решенија кои немаат ништо поврзано со ЕУ интеграцијата на Македонија, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Дел од законските решенија кои Ковачевски ги турка се и противуставни.
Ковачевски, СДС и ДУИ ја загрозуваат европската иднина на Македонија заради нивните криминални интереси.
Евроамбасадорот Гир јавно посочи дека Ковачевски не треба да го злоупотребува европското знаменце.
Ковачавески со договорот со Бехтел и Енка ги загрозува и начелата на транспарентност и конкурентност кои Македонија ги прифатила со Договорот за стабилизација и асоцијација, а кој е иницијална фаза за нашиот пат кон ЕУ.
Ковачевски само ја злоупотребува ЕУ и го руши нејзиниот углед во Македонија. Тој со секој свој чекор и штети на нашата понатамошна инреграција во ЕУ.
Единствен спас за Македонија да тргне кон ЕУ е смена на Ковачевски, СДС и ДУИ“ се вели во соопштенмието од партијата.






