Јавното претпријатие за државни патишта пред извесен период на американско-турскиот конзорциум му исплатило аванс за подготвителните работи околу изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д. Која сума била платена премиерот Димитар Ковачевски не кажа.
Колку платила државата Ковачевски вели прашајте во Државни патишта.
- –„Пред извесен период е исплатен аванс на ‘Бехтел и Енка’ согласно извршувањето на подготвителните работи за почеток на изградба на проектот зашто има проектирање, геомеханички истражувања и потоа изведба на проектот. Точната сума може да ви ја дадат во Јавното претпријатие за државни патишта“.
Ковачевски тврди дека е почната работата на коридорите.
„Почната е работата за коридорите. Тој договор е веќе потпишан и според него, прво почнуваат геомеханички истражувања кои се веќе почнати, почнува фаза на проектирање зашто се работи за проектирање и изградба. Тие веќе работат согласно процедурите и имаат договор што е валиден“, додаде Ковачевски.






