На 22 август минатата година премиерот Ковачевски самиот предложил промена на македонскиот устав по хрватски терк со цел вметнување на бугарите во уставот.
На прес конференција на која бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и сите други фактори премиерот вели дека ако Бугарите се вметнат во уставот според примерот на Хрватска ќе дојде до поголема кохезија во македонското општество.
„Постојат држави со дури 25 народи во Уставот, како Хрватска и тоа само ја збогатува општествената кохезија“, вели Ковачевски во изјавата која може да ја слушнете овде.
Ковачевски засега не одговара јавно на ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој вчера поддржа смена на уставот по хрватски терк а денеска понуди и конкретен предлог за преамбулата.






