Ковачевски: Почнувам со формирање на нов владин тим

Откако денеска го доби мандатот за состав на нова влада од шефот на државата Стево Пендаровски, новоизбраниот лидер на владејачкиот СДСМ, Димитар Ковачевски изјави.



„Од денес почнувам со формирање на новиот тим кој треба да одговори на сериозните предизвици кои нè чекаат од почетокот на новата година. Новата влада ќе има јасна цел – обезбедување сигурност, подобар живот и светла иднина за нашите граѓани. Моја лична заложба е да ја вратиме довербата на граѓаните во политиката и институциите“, рече Ковачевски.

Мандатарот во рок од 20 дена од приемот на мандатот, значи не подоцна од 20-тиот ден од приемот на мандатот, треба да излезе пред Собранието со предлог персонален состав на новата влада и програма за работа на владата.