Откако се сликаше додека јадеше во работничка менза, студентски дом, и киосци за сендвичи и тостови во неуспешниот пропаганден обид да стане омилен за граѓаните, премиерот Ковачевски отиде да јаде за да се слика во приватен дом на фамилија со презиме Спасовски што ја слави куќната слава Свети Никола.
Од информацијата и сликите што ги објави самиот не се гледа дали отишол кај свои блиски луѓе како што е редот или кај непознати партиски членови кои се согласиле да го примат и да бидат дел од пропагандата на премиерот.
,,Големиот празник Свети Никола го одбележавме заедно со семејството Спасовски во Пробиштип. Задоволство е да се биде со ова прекрасно семејство со трпеза полна со превкусни посни јадења и срце љубов полно за сите.
Честита слава на сите кои го празнуваат Свети Никола Чудотворец”, напиша Ковачевски на Твитер.
Иако во Македонија традиција е на ќуќна слава да се оди со сопругата и семејството Ковачевски на пропагандната посета на слава отишол сам.
Наздравје нека му се посните сарми, гравчето и рибата кои се подготвуваат традиционално за Свети Никола кои што Ковачевски морал да ги изеде за да добие лајкови на социјалните мрежи.
Тоа што јакната не ја закачил на закачалка како сите останати гости туку ја обесил на столот на кој седи само зборува дали имал намера да седи долго на славата или само да се слика за пропаганди цели.
Големиот празник Свети Никола го одбележавме заедно со семејството Спасовски во Пробиштип. Задоволство е да се биде со ова прекрасно семејство со трпеза полна со превкусни посни јадења и срце љубов полно за сите.
Честита слава на сите кои го празнуваат Свети Никола Чудотворец. pic.twitter.com/5MHFOPZGHF
— Dimitar Kovachevski (@DKovachevski) December 19, 2022





