Извори во уставниот суд тврдат дека премиерот Ковачевски и владата на СДСМ и ДУИ уште на почетокот на Март знаеле дека постои огромна можност за зголемување на функционерските плати.
Ако владата не сакала да се зголемат платите за 78 проценти не можела да влијае на одлуката на уставниот суд но имала доволно време да ја смени регулативата со која платите на функционерите, од кои најголем дел се од СДСМ и ДУИ, немаше да се сменат драстично, тврди изворот во уставниот суд.
,,Ако сакале да не добиваат толкаво зголемување со кое доаѓаат до 2,5 илјади евра плата, владата можеше да ги намали коефициентите за пресметка на платите и да ја избегне ситуацијата во која пензиите се зголемуваат за 8 а платите на министрите и функционерите, за неверојатни 78 проценти”, коментира изворот кој инсистира на анонимност.
Запрашан дали уставниот суд одлуката за зголемување на платите односно поништувањето на членовите од законот со која е регулира оваа област ја донесла и заради личен интерес, изворот вели дека секој сака да зема поголема плата но треба да се има предвид дека законот во овој случај бил кристално јасен и дека најголем дел од народот живее со 200 до 500 денари дневно.
На чело на оваа институција е контроверзната судијка Добрила Кацарска која беше избрана за член на уставниот суд на предлог на СДСМ.
Дури откако беше донесена одлуката со која платите на претседателот, премиерот, министрите пратениците и други стотици функционери скокна и до 3,5 минимални плати, СДСМ најави дека ќе преземе законски мерки за намалување на функционерските плати.
,,Откако премиерот дозна за можното зголемување на овие плати досега можеше измените да стапат во сила. Дали навистина сакале да не земаат поголеми плати треба да прашате во владата”, вели изворот кој се жали дека сега не може да им погледне во очи на неговите роднини и комшии кои земаат по дваесетина илјади денари плата или дури 7,5 пати помалку од претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Најчитани вести
Конечно ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со ист став, но ќе може ли премиерот да оди контра ДУИ






