Ковачевски, Пендаровски и Ахмети преговараа за амнестија со Груевски, заради поделба на ВМРО ДПМНЕ и промена на Уставот, но тоа нема да се случи!

„Ковачевски, Пендаровски и Ахмети преговараа за амнестија со Груевски, заради поделба на ВМРО-ДПМНЕ. Но, поделби нема и нема ни да има. Нема да има ниту гласање за уставни измени под бугарски диктат!“објави на својот фејсбук-профил Драган Ковачки, пратеник во Собранието на Македонија и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.



Ковачки пишува: Бесполезни се обидите за делење на пратеничката група и на партијата. Секој обид за разединување на ВМРО-ДПМНЕ е напад на Македонија и на македонскиот код.

ВМРО е поголемо од секој поединец. ВМРО е народот и ВМРО е идеја што постоела и пред нас и ќе постои и после нас.

Нема да има гласање за промена на Устав под бугарски диктат!

#ВМРОДПМНЕ

#Македонијанадсе