Ковачевски падна во замката на Али Ахмети со оставките кои ДУИ сака да бидат со одложено дејство.
Откако СДСМ попладнево потврди дека оставките на министрите од ДУИ се поднесени до премиерот Ковачевски, тој мора веднаш да ги поднесе во Собранието.
,,Сите министри во Влада од редовите на ДУИ, поднесоа оставки до премиерот Димитар Ковачевски, пишува во соопштението според кое министрите на ДУИ поднесле писмени оставки до Ковачевски кој нема друг избор освен да ги проследи до спикерот на Собранието Талат Џафери кој на првата следна седница ќе ги стави на дневен ред и тие ќе бидат разрешени.
Наводите на Ахмети дека оставките ќе се ефектуираат веднаш откакако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за усвојување на уставните измени немаат правно дејствие затоа што институтот ефектуирање или одложено дејствие на оставките не се дел од уставот, законот за влада или деловникот на собранието.
Која е процедурата при оставка на министер






