„Евентуалното одложување на рокот за размена на лични карти и патни исправи ќе го чека епилогот од разговорот меѓу претседателот Стево Пендаровски и грчкиот претседател Катерина Секеларопулу.
Вака одговори премиерот Димитар Ковачевски на прашањето за предлогот за продолжување на рокот на важност на документите со старото име на државата. Ковачевски додаде дека надлежните органи ќе можат да постапат откако ќе добијат информации од претседателот.
Пендаровски предлага пролонгирање на замената на документите за 6-7 месеци
„Кога претседателот Пендаровски ќе разговара со грчкиот претседател, тој ќе не информира и ќе можеме да дејствуваме“, кусо одговори премиерот Ковачевски.
Претседателот Стево Пендаровски побара да се одложи рокот до септември.






