Канал 5 дознава од извори во СДСМ дека премиерот Ковачевски на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заминал со два предлози.
Првиот предлог се однесува на собраниска седница на која треба да се донесе одлука:
Заеднички партиите да застанат зад уставните измени и европската иднина на земјата, да ги изгласаат во Собранието.
Вториот предлог се однесува на редоследот
Според вториот предлог веднаш по усвојувањето на уставните измени да се распишат избори како компромисно решение кое ќе значи продолжување на европскиот пат, обединување околу стратешкиот интерес на земјата.
Според телевизијата овој предлог му дава излез на Мицкоски со оглед на тоа што неговото клучно барање се избори.
Предлозите кои се сега во игра предходно беа јавно предложени од вицепремиерот Груби.





