Koвачевски одби ТВ дуел со Мицкоски

Димитар Ковачевски денеска во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 го одби повикот за ТВ-дуел од страна на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.



„Мицкоски воопшто не бара дебата, а за Коридорт 8 и 10д бараа дебата во Собранието, но две недели не сакаат да закажат комисија. Бараа дебата за Уставни измени и таму не прифатија да бидат дел од комисија. Имаме тимови за преговори со ЕУ и таму не учествуваат. Имавме почеток на преговори со ЕУ, каде исто така не учествуваат. Во моментов имаме блокирани половина милијарда евра пари за граѓаните со поволни камати поради нив“, рече Ковачевски на прашањето дали ќе го прифати повикот од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот додаде дека телевизиско соочување со Мицкоски во моментов може да има само пред парламентарните избори кои треба да се одржат следната година.

„Дуел ќе има кога ќе имаме избори. Институционалната дебата не може да се замени со лидерски средби и со ТВ-дуели“, рече тој.