Кај владејачката гарнитура владее разногласие, а премиерот Ковачевски никој ништо не го прашува, изјави вчера пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во синоќешното гостување на Телма
„Излегува Ковачевски и кажува дека ќе имаме предвремени избори, два дена подоцна излегува Османи и кажува прво да ги направиме уставните измени а потоа да одиме на избори.
Што само ја потврдува нашата теза дека во ова влада Ковачевски никој ништо не го прашува.
И на крајот на денот како е можно на 6 месеци пред избори не седнале и да се договорат, бидејќи се коалициски партнери, кога и како ќе се организираат изборите“, вели Јанушев.







