Премиерот Ковачевски незаконски дозволил соработка на службата за прислушување ОТА со грчка тајна служба ЕИП со која според Инсајд Стори бил подготвен предлог меморандум за заеднички чекори.
Премиерот Ковачевски кој е шеф на Советот за координација на безбедносно – разузнавачки служби направил тежок законски пропуст ако дал дозвола на Оперативно Техничката Агенција (ОТА) на било кој начин да соработува со грчката тајна служба.
Според членот 4 точка 1 алинеја 5 од Законот за безбедносно – разузнавачки служби, Ковачевски како координатор на сите служби за безбедност е тој што мора да даде дозвола за било каква соработка со било која домашна или странска служба.
Со оглед на тоа што првиот човек на ОТА досега не е сменет тоа значи дека директорот Зоран Ангеловски ги следел насоките на Ковачевски за незаконската соработка со ЕИП.
Зошто премиерот Ковачевски дозволил ОТА која е медијатор за следење на комуникации да комуницира и соработува со странска безбедносна служба – Грчката ЕИП засега е енигма но со оглед на тоа што спорниот софтвер Предатор за кој пишува Инсајд Стори не е дозволен од НАТО тоа значи дека во ситуацијата има основа за сомнеж дека Ковачевски тоа го сторил од корупциски причини.
ОТА е медијатор за следење на комуникации и по членот 2 од Законот за безбедносно разузнавачки служби НЕ Е дефинирана како безбедносна служба.
Во Законот за ОТА нема посебни одредби кои пропишуваат меѓународна соработка што е основа да склучува меморандум за соработка или пак да комуницира со странски тајни служба.
За својата активност и Ангеловски без разлика дали имал дозвола од премиерот се соочува со кривичен прогон дури и за шпионажа затоа што ОТА спротивно и надвор од својата законска надлежност комуницирала за изработка на драфт меморандум за соработка со странска разузнавачка служба.
Посебен проблем за Ковачевски, Ангеловски и ОТА е што агенцијата воопшто не е надлежна за сајбер безбедност што според Инсајд Стори е официјалната причина за меѓусебна соработка со грчката тајна служба ЕИП.
Детали за истрагата во Грција што откри скандал во Македонија
Грчка истрага откри дека СДСМ и ДУИ поседуваат софтвер за следење на граѓани





