Ковачевски нема легитимитет да преговара со Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека Ковачевски и Бучковски сакаат да се промовираат како нова надеж во преговорите со Бугарија, Република Македонија продолжува да биде во најнеповолна положба.



Ковачевски нема легитимитет да преговара и да ги води процесите во спорот со Бугарија од причина што истиот не му е доделен од страна на народот, туку пренесен од Заев кој ја доведе Република Македонија во оваа катастрофална положба“, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Лажно оптимистички изјави не му се потребни на македонскиот народ, потребна е дипломатска спремност, кадарност и решителност во преговорите, нешто што СДСМ преку пиунот Ковачевски и специјалниот претставник Бучковски не го поседува. Република Македонија има Резолуција изгласана во Собранието и од тоа никој никогаш не смее да отстапува. Со Ковачевски и Бучковски во тоа не сме сигурни“, рече Митева.