Ковачевски негира дека разговарал за влез на Алијанса во Влада

Шпекулации се наводите дека Алијанса за Албанците која има 8 пратеници ќе биде нов партнер во владината коалиција, изјави премиерот Димитар Ковачевски.



ВД лидерот на Алијанса, Арбен Таравари, пак, не ја демантираше оваа „шпекулација“ и во јавноста почнаа да кружат и информации дека наводно течат преговори меѓу СДСМ и Алијанса во кои партијата на Таравари бара практично да ја смени Алтернатива во владиното мнозинство а во замена да добие 4 министерски и два заменички ресори.

Според истите извори целата процедура би требало да се заврши до крајот на месецов за да може пред Нова Година да помине и реконструкцијата на владата.